Петар Печков
Објавено: четврток, 15 јули 2010
Градежната фирма ,,Ива - Инжинеринг,, ќе треба да плати 100 илјади денари глоба додека нејзиниот управител Јованка Ристовска доби условна казна затвор од шест месеци доколку во следните две години не стори исто или друго кривично дело.
Таа и фирмата се прогласени за виновни бидејќи нивниот работник Стојанчо Тодоровски ( 63 год) починал при пад од скеле високо три метри, настан кој се случил во октомври 2008-та година. Тодоровски бил ангажиран при изградба на семејна куќа во населбата Речани и поради невнимателност, кога запалил цигара паднал а смртоносните повреди ги добил бидејќи во тој момент не носел заштитен шлем.
Ова се околности поради кој е изречена минималната казна за кривичното дело тешко дело против општата сигурност.
Tweet |